ВИДЕО: Ако во мај објавиме решение за името, поканата за НАТО автоматски ќе се активира, вели Заев

Од:

Имаме условена покана за НАТО и таа ќе се активира автоматски откако ќе се постигне решение за името, порача премиерот Зоран Заев. Тој потенцира дека поважно е постигнувањето решение, отколку роковите и повтори дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде сите партиципиенти во државата би застанале заедно зад нешто што е согласно сочувувањето на нашето достоинство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинството на грчката страна.

– Имаме условена автоматска покана. Не ни треба Самитот на НАТО за некој да одлучи за поканата за Македонија. Значи, ако на 7 мај објавиме решение и на 8 мај грчката Влада испрати писмо до генералниот секретар Столтенберг, почнува процесот на ратификација на договоорт за полноправно членство на Македонија во НАТО. Затоа поголем е фокусот на решението, отколку на рокови, рече Заев.

Се надева дека ќе одржи средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас што, како што посочи, ќе значи дека останале уште околу 10-тина проценти за решавање.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска