Францускиот амбасадор, неговата екселенција Кристијан Тимоние, денес оствари работна посета во Македонската опера и балет со в.д. Директорот Ќазим Асотиќ.
На работната средба беше разговарано околу соработката помеѓу Македонската опера и балет и Француската амбасада во Скопје, конкретно, соработка помеѓу оперските куќи во Франција со Македонската опера и балет, со размена на оперски солисти.
Соработката започнува со гала концерт кој ќе се одржи на 12 јуни 2018, по повод одбележувањето на 25 години дипломатски односи помеѓу двете земји. На концертот ќе настапи Елена Голомеова, сопран од Македонија која активно настапува и живее во Франција и е добитник на голем број на реномирани награди како и Жан–Филип Лафон, баритон, еден од најпрестижните оперски изведувачи во светски рамки, со повеќе од илјада настапи на светските сцени од Милано До Њујорк.
Концертот е од отворен карактер и влезот е бесплатен. Ги покануваме сите љубители на оперската уметност на 12 јуни 2018 година од 20 часот.