Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ забележале змии како се движат низ собите и ходниците каде се сместени.
https://www.facebook.com/manojlovska.joana/videos/2183609931653657/
– Препорачуваме прозорците да не ги оставате отворени за да не добиете несакан цимер, велат студентите од домот.
„Стив Наумов“ е еден од најмизерните студенски домови во државата, функционира под субстандардни услови. Во изминатите години од страна на политичките елити студентите кои се сместени во домот беа предмет на манипулација. Предизборните ветувања кои ги даваа политичките партии за реконструкција на овој студентски дом останаа неисполнети.
Змиите не се се единствен проблем кој ги мачи студентите од „Стив Наумов“. Пред одреден период во третата зграда на студентскиот дом настана поплава од пороен дожд поради долгогодишна немарност за одржувањето на зградата.
Податоците на домот покажуваат дека за истоимената зграда последен пат биле одвоени средства во 2008 година, а средства за варосување не се одвоени дури и од 2006 година.
Често се случува во овој студентски дом да нема вода и основни услови за живот. Студентите се принудени да полнат шишиња за одржување на личната хигиена.
Ветувањата продолжуваат и понатаму, студентските домови низ државата пропаѓаат, а власта ништо не презема во врска со тоа. Студентите и понатаму остануваат сами на себе да се снаоѓаат и да бараат начин како да преживеат во студентските домови каде нема основи услови за живот.