Промоција на Европската недела на имунизација утре во Градски парк

Од:

Европската недела на имунизација под мотото „Заштити спречи, вакцинирај“ ќе биде промовирана утре напладне во Градскиот парк кај Школка.

На овој забавно-едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а се реализира со поддршка од Здравствен Дом-Скопје, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Град Скопје, министерствата за образование, за труд и социјална политика и Владата.

Европската недела на имунизација, годинава, по 13. пат се одбележува во периодот од 23 до 29 април.

Државниот советник во Министерството за здравство Јованка Костовска денеска на средба со новинарите на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека целта е подигнување на свеста за потребата од имунизација и да се даде поддршка на заложбите на Министерството за здравство за афирмација на имунизацијата како најважна превентивна мерка за заштита на здравјето на децата.

Посочи дека во последните три години има намален опфат со вакцинација, но тоа е глобален тренд и во светски рамки. Според последните податоци, појасни, тој опфат изнесува од 91 до 92 проценти, а треба да биде 95 проценти.

Од Министерството информираат дека вакцините го заштитуваат детето од тешки заразни заболувања, но во исто време ги штитат нивните најблиски и пошироката заедница. Исто така, посочуваат, високиот опфат на имунизација кај децата, создава колективен имунитет, спречува појава на заразни заболувања во епидемиска форма.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството