Концесионерот за спортски риболов на акумулацијата Палурци кај Богданци изврши порибување со 450 килограми крап.
Од ЗСР „Костреш“ информираат дека од вкупната количина риба која е пуштена во езерото, 150 килограми се со тежина од 50 до 800 грамови и 300 килограми со тежина од два до пет килограми.
Пред порибувањето поголемите примероци крап беа обележани и најстрого е забрането тие да се земаат, туку по уловот спортските риболовци треба веднаш да ги вратат назад во акумулацијата.
Инаку, од вчера на оваа вештачко езеро почна забраната за ловење крап, додека спортскиот риболов на црвеноперка и караш е дозволен.