Акумулацијата Стрежево порибена со пастрмка и крап

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ беа во посета на хидросистемот Стрежево, кадешто беше извршено порибување на водите на акумулацијата со подмладок од крап и пастрмка.

„Јавното претпријатие со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки кои денеска ги пуштивме во водите на оваа акумулација. Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и грижа за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, по примерот на државите од европското семејство, што е и наша цел“, изјави министерот Димковски.

Хидросистемот Стрежево е повеќенаменски водостопански систем со кој се наводнуваат околу 5.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, но истовремено со овој хидросистем се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали. Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.

Концесијата за управување со водите на ова езеро од минатата година е во надлежност на ЈП Стрежево и тие во досегашниов период ја оправдаа довербата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, управување и стопанисување со акумулацијата Стрежево во целост.

Би можело да ве интересира

Охридското Езеро порибено со 1,7 милиони подмладок охридска пастрмка обезбедени од албанското мрестилиште кај Лин

Ана Ололовска

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска

Акција за порибување на Охридското Езеро со јагули

Татјана Ташкова

Акумулацијата Палурци порибена со 450 килограми крап

Ана Ололовска