А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо АД ЕЛЕМ да се занимава со зголемување на производството, тие се занимаваат со партиски вработувања

by А1он19/04/2018 - 17:16136
Share0

„АД ЕЛЕМ со паушални соопштенија нема да ги сокрие милионските загуби во претпријатието.

Следете a1on на Instagram Instagram

Наместо АД ЕЛЕМ да се занимава со зголемување на производството на електрична енергија и намалување на трошоците на граѓаните за електрична енергија, АД ЕЛЕМ изминатиов период се занимаваше со партиски вработувања на блиски роднини на луѓето од власта.

Раководството на АД ЕЛЕМ пропушти во зимскиот период, кога е период на празнење на хидроакумулациите да изврши производство на струја и празнење на истите со цел хидроакумулациите да бидат подготвени за пролетните дождови и топењето на снегот од планините.

Поради неспособноста на раководството на ЕЛЕМ државата не произведе електрична енергија во вредност од половина милион евра, а во истиот тој период купуваше електрична енергија од странство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај финансиската штета од изгубено производство на електрична енергија, раководството на АД ЕЛЕМ е одговорно и за поплавите во Охридско кој нанесоа огромни материјални штети долж целото крајбрежје. Штети кои владата се уште ги нема проценето, а камо ли обештетено.

Раководството на АД ЕЛЕМ треба веднаш понесе одговорност и да си даде оставка, поради неспособноста која во повеќе наврати ја покажа во изминатиот период“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

elemvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Горан Наумовски19/07/2026 - 09:31

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Горан Наумовски18/07/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео