СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски приземно и неодговорно си поигруваат со чувствата на граѓаните

Од:

„Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречување на правдата и злоупотреби на судските процеси беа главна одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија којашто и денес како опозиција продолжува со ниското, приземно ниво на злоупотреба на човечки трагедии.

За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога политиката се мешаше во судството а процесите партиски се нарачуваа и монтираа заврши со заминувањето на таа партија во опозиција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајнички, ниско и скандалозно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствата на граѓаните.

Тоа е ниско, приземно, неодговорно и покажува дека Мицкоски се уште е заробен во погрешните политики на Никола Груевски.

За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали коишто ги поседуваше СДСМ, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Македонија конечно е правна држава со неселективно владеење на правото и секој што направил какво било прекршување на законите одговара за своите постапки. Наместо да се обидува да профитира од трагедии, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните органи целосно и до крај да го расветлат овој случај и сите оние кои биле вмешани во него, да се соочат со одговорност согласно законите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните