По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје

Од:

По посетата на виосоката претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск.

Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во контекст на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

– Пораката до нашите пријатели е јасна: Европската унија е и ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит би требало да ја потврди европската перспектива на регионот. И што е уште поважно, би требало да се подобрат, на конкретен начин, врските со регионот и внатре во регионот, истакна Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент, посветен на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Туск: Нема да разговарам со никого на колена

Горан Наумовски

Песков: Земјите од ЕУ не разбираат што се случува во светот

Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за воена помош на Украина

Горан Наумовски

Зградата на делегацијата на Европската Унија е погодена во Киев

Горан Наумовски

Полска: Украина не може да се приклучи на ЕУ додека не се реши прашањето за масакрот во Волин