ВИДЕО: Рашиди го поздрави европскиот извештај, но тврди дека недостигаат реформи

Од:

Актуелната власт има уште многу работа, а државата сè уште е заробеник на политичките партии, вели Сурија Рашиди, пратеник од „Алијансата за Албанците“. Според него, за извештајот придонеле граѓаните, а како што вели, виновник е поранешната власт, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Никој од политичарите досега не бил казнет затоа што ги крадел парите на граѓаните. Во извештајот пишува дека во 2017 година економскиот развој бил 0 проценти. Реформи во судството нема, па сè уште има селективни одлуки. Изборниот систем сè уште не е сменет, а досега сме немале ниту фер и демократски избори“, вели Рашиди.

Пратеникот го поздрави напредокот велејќи дека не само Македонија, туку и цел Западен Балкан треба да влезе во Европската Унија.​

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина