СДСМ: Препораката за почеток на преговорите е признание за успешните реформи

Од:

„Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија што Македонија ја доби од Европската Комисија е потврда за успешноста на реформскиот процес што Владата предводена од СДСМ го води во последните 10 месеци.

После две условени препораки, Македонија повеќе не е категоризирана како заробена држава, туку како држава која преку започнатите реформи повторно се враќа онаму кадешто и вредносно и цивилизациски припаѓа – во друштво на модерните, напредни и развиени европски држави.

Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат зацртаните мерки коишто обезбедуваат економски раст, независни институции и владеење на правото и остануваат силно посветени на евроинтегративниот процес на државата којшто е врвен државен и национален интерес.

Македонија продолжува да се гради како слободна, напредна, демократска и земја пријател на соседите и Европа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски