Ново рочиште за нападот врз Села

Од:

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На претходното рочиште во понеделникот, за нападот врз Села и за случувањата во Собранието сведочеа пратеникот Мухамед Зекири и полицајците Абдулфетах Аљими и Игор Јанакиев.

Во овој случај обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини