Куманово бира најдобро еко-семејство

Од:

Здружението „Кумановски акцијаши“ ќе избира Најдобро еко-семејство. К онкурсот е електронски, а ќе трае до 30 април.

Како што соопшти претседателот на здружението Јусуф Љатифи, досега се пријавиле две семејства.
Конкурсот е во рамки на годинашниот проект „Зелено Куманово“ чија цел е поттикнување на еколошките активности на граѓаните и подигање на еколошката свест. Може да учествуваат семејства со индивидуални дворови. – Опфатени ќе бидат само семејствата со индивидуални дворови кои во континутет од мај до декември водат грижа за својот двор и за делот што го зафаќа дворот од улицата, а повремено се приклучуваат и на еколошки акции, изјави Љатифи.
Наградените ќе бидат објавени во јануари, наредната година. Посебна комисија во која ќе има претставници од локални институции ќе доделува награди и знаменца. Наградите се викедни во туристички центри во Македонија.

„Кумановски акцијаши“ првпат ја организира активноста, а надлежните очекуваат петнаесетина семејства да учествуваат во натпреварувањето и бројката наредните години да биде поголема.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане