Во штипските средни училишта слободни места во прва година има за 976 идни средношколци

Од:

Во штипските средни училишта слободни места за упис во прва година за учебната 2018-2019 година има за 976 идни средноколци, информираше денеска раководителот на Одделението за јавни дејности во Општина Штип, Билјана Казанџиска. Таа истакна дека според објавениот конкурс оваа година за четирите средни училишта нема никакви измени во делот на наставните програми и насоки.

– Слободни места има за 976 идни средношколци, од кои 238 во гимназијата СОУ „Славчо Стојменски“, потоа 330 во средното електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“, 170 места во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ и 238 слободни места во средното медицинско училиште „Јане Сандански“, вели Казанаџиска.

Директорот на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски вели дека оваа година немаат нови наставни програми и насоки, но најави дека веќе од наредната учебна година почнуваат со реформираното средно образование, а ќе се воведат две нови насоки, кои ги бараат работодавците од текстилниот сектор.

– Имаме два атрактивни профили, Техничар за облека и Техничар за моделирање облека, кои што се доста барани и атрактивни на пазарот на трудот и со помош на текстилниот Кластер и на Општина Штип, на сите други надлежни институции се надеваме и на обезбедување на стипендии за идните наши ученици, вели Доневски.

Во средните училишта во источниот регион слободни места за упис во прва година за учебната 2018-2019 година има вкупно 3.128.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски