Панакота со кафе и чоколадо

Од:

Кремасто, вкусно и лесно за подготовка …

Потребно е:
400 мл слатка павлака
4-5 лажици шеќер
1 лажице мелено турско кафе
1 кесичка (14 гр) инстант капучино кафе
100 гр црно чоколадо
10 гр желатин во прав и 4 лажици вода за подготовка

200 мл слатка павлака изматена во шлаг
малку мелено кафе, за украсување

Подготовка:
– Желатинот подгответе го според упатството на пакувањето.

– Во еден подлабок сад на рингла ставете ги слатката павлака, шеќерот, кафињата и чоколадото и оставете ги да се загреат. Мешајте додека да се растопи чоколадото и додека смесата да дојде до вриење.

– Тргнете го садот од рингла и додадете го желатинот. Мешајте додека да се растопи желатинот.

– Внимателно распоредете ја содржината во чаши и ставете ги во фрижидер да се изладат.

– Кога ќе се излади кремот одозгора ставете од изматената слатка павлака, посипете малку со кафе и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска