19 сезонска колекција на Росица Мршиќ

Од:

Деветнаесеттата сезонска колекција на дизајнерката Росица Мршиќ ќе биде прикажана на 24 април, во 20 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.

Најновата колекција наречена „Celia“ е инспирирана од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни. Станува збор за урбана и некоформистичка шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Мршиќ која како што вели „се предизвика себеси да работи нетипични за нејзината работа, помеки и лелеави силуети“.

„Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна“, рече Мршиќ.

Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло кој ќе ги надополни креациите.

За шминката на моделите ќе се погрижат „Radiant“ во соработка со мејкап артистот Јована Коциќ, а за фризурите „Lakme“ во соработка со „Studio LiLi“. Чевлите кои ќе ги следат креациите доаѓаат од бутикот „VIA“. Поддржувачи на настанот се „Public Room“, „Пакомак“, „Lux“ и „Винарија Камник“.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски