Откриен ограбувачот на Стопанска банка во ТЦ „Буњаковец“

Од:

СВР Скопје го расчисти и документираше случајот со разбојништвото во експозитурата на Стопанска банка во ТЦ „Буњаковец“ во Скопје од почетокот на месецов.  Еден од осомничените е П.С. (56) кому вчера истражен судија при Прилепскиот суд му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради разбојништвото во ТТК Банка во Прилеп, кое полицијата го расчисти, информира МВР.

– Како што е познато на 3-ти овој месец околу 10 часот П.С. вооружен со пиштол заедно со уште едно непознато лице, двајцата маскирани со капи и шалови, влегле во експозитурата на Стопанска Банка и заканувајќи им се на четворицата вработени одзел 454.747 денари и 120 евра по што веднаш го напуштиле местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 462.000 денари, соопшти МВР.

П.С., се посочува во соопштението, бил  на издржување затворска казна во КПД „Идризово“ и на 30 декември истиот бил пуштен на викенд по што  не се вратил.

Од страна на СВР-Скопје извршен е разговор со осомничениот кој во целост го објаснил извршувањето на кривичното дело и ќе следи соодветна кривична пријава за осомничениот кој, инаку, минува во крим евиденциите на СВР-Скопје за извршени кривични дела – „тешка кражба“, „разбојништво“, „кражба“, „силување“ и „недозволено изработување,држење и тргување со оружје“.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он