(ВИДЕО) Шекеринска: Една изборна единица доколку се согласат сите партии

Од:

Би сакале да видиме пропорционален изборен модел, воведување на една изборна единица. Тоа беше дел од нашата програма пред изборите, но за овие прашања потребен е консензус меѓу политичките партии, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешниот брифинг со новинарите.

Во врска со изборното законодавство, Шекеринска информира дека е договорено да се оди во две фази. Во првата ќе биде третиран акутниот проблем со ДИК, односно избор на нејзини членови.

-До септември, ДИК ќе функционира како претходно, со претставници на политичките партии, со претседател од опозицијата, а мнозинство во Комисијата ќе има власта, а потоа ќе се размислува и се разгледуваат опции за професионален состав на ДИК, рече Шекеринска

Втората фаза е подготовка на нои измени од Изборниот законик кој ќе ги земе предвид забелешките од ОБСЕ и граѓанските здруженија кои се однесуваат на изборите и ќе понудат функционирање на ДИК во професионален состав од страна на администрацијата, а партиите ќе номинираат членови на ДИК кои ќе функционираат само шест месеци пред изборите. Според Шекеринска сите подготовки на изборите ќе ги си води тој професионален состав, а партиите ќе влезат само тогаш кога државата ќе се подготвува за избори.

Вицепремиерката го поздрави враќањето на опозицијата во парламентот со што се постигнал договор за најголемиот дел реформски закони заедно покажувајќи дека тоа е важен знак за нормализација на состојбите во државата. Според неа, еден од поважните реформски закони за кои е постигнат договор се однесува на следењето на електронските комуникации.

-Гласањето беше лесно, но му претходеа многу сериозни преговори до детали, кои и дадоа шанса на Република Македонија да го реформира системот на следење на комуникациите и да оневозможи негова злоупотреба, заштитувајќи ги притоа граѓаните. Власта и опозицијата покажаа дека веруваат дека оваа држава мора да се промени за да стане европска држава, истакна Шекеринска.

Како што информираше Шекеринска останува да се доусогласат решенијата за судските реформи. Таа истакна дека во голема мерка се усогласени ставовите, поднесени се дури и заеднички усогласени амандмани помеѓу власта и опозицијата за дисциплинска одговорност на судиите. Но, потенцира дека во оваа држава не се само власта и опозицијата и затоа ќе бидат земени предвид и забелешките на судската фела, експертите, Здружението на судии, Советот за реформи.

-Најголем дел од обврските на Собранието и на Владата, се завршени. Но најважно е дека и Брисел забележува дека работите не се различни само на хартија, туку промените се случуваат и во пракса, рече Шекеринска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он