(ВИДЕО) Заев: Најверојатно ќе има референдум за името

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со новинарите изјави дека на Македонија потребен и е референдум за името и најверојатно ќе го, но не се знае точно кога. Како временски за спроведување на референдумот тој ги посочи периодите пред влегувањето на Македонија во НАТО или потоа, пред влез на Македонија во ЕУ.

Заев истакна дека прашањето кое би било поставено на референдумот се уште не е познато бидејќи е прерано да се разговара за текстот со оглед на тоа дека се уште траат преговорите за името.

Македонскиот премиер истакна дека како владата така и опозицијата се за референдум по ова прашање, па би сакал референдумот да биде поддржан и организиран од сите партии вклучувајќи ја и најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, најголемата албанска партија во моментов, ДУИ, се противи на идејата за спроведување референдумско прашање за името. Ова го потврди и вицепремиерот Бујар Османи кој рече дека доколку СДСМ и останатите владини коалициони инстистираат на референдум, тие ќе го поддржат, но и понатаму остануваат на ставовите дека референдумот може да донесе големи последици во меѓупартиските и меѓуграѓанските односи.

-Албанците и ДУИ се конструктивни за ова прашање, би ја прифатиле одлуката да има референдум, но потсетуваме на можните ризици кои ќе произлезат, рече Османи.

Во врска со преговорите за името, премиерот Заев посочи конкретно кои прашања останаа нерешени. Од седумте точки за кои се преговара нерешени останале прашањето за името, јазикот, потеклото, идентитетот и промената на Уставот на РМ.

-Благодарни сме за разбирањето од грчката страна за овие чувствителни теми, благодарение на тоа блиску сме до решение и за овие прашања. Тие исто така имаат разбирање и за потребата од двотретинско мнозинство во парламентот за промена на Уставот, па се бара друго идеално решение, рече Заев.

Во однос на грчките забелешки за иредентизам, Заев смета дека треба да се изнајдат формулации дека немаме територијални претензии, дека немаме намера да ја повредиме границата што не разграничува и дека немаме намера да се мешаме во наследството на Грција, истовремено и тие во нашето наследство.

За опсегот на употреба и грчкото барање за ерга омнес, Македонија е на став дека договореното име треба да биде само за меѓународна употреба без промена на Уставот, затоа што домашната употреба на името нема никакво влијание врз Грција.

За прашањето за идентитетот, Заев рече дека Грција има разбирање бидејќи станува збор за лично чувство и определба и не алудира на промена.

– Тоа е прашање на чувство и грчката страна има разбирање за оваа работа и ред е тоа да го потврдам заради тоа што тоа е еден од првите позитивни моменти што се појавија. Премиерот Ципрас и министерот Коѕијас имаат разбирање за идентитетот. Идентитетот е чувство и не алудираат на промена на идентитетските прашања, рече Заев.

За државјанството, вели дека ќе биде согласно новото име што ќе биде за меѓународна употреба.

– Би било веројатно граѓанин на Северна/Горна/Вардарска или слично, тоа што ќе го одлучиме, кроз Маседониа. Јас очекувам да бидат потврдени прашањата што се веќе и опишани во графите на ОН како што е македонскиот јазик, со тоа што апсолутно сме подготвени да ги отстраниме сите нивни резерви за некакво алудирање на наследство или слично, заради тоа што немаме намера со потврда на нашиот уставен јазик, македонскиот јазик да навлегуваме во наследството на Грција, истакна македонскиот премиер.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска