Во Египет запленета рекордна пратка експлозиви за Појасот Газа

Од:

Египетските власти конфискуваа рекордна пратка експлозиви, наменети за Појасот Газа, кој е контролиран од движењето Хамас.

Еден тон експлозивни направи биле пронајдени при контрола на камион на преминот меѓу континеталниот дел на Египет и полуостровот Синај.

Во последните три месеци полицијата во Египет успеа да заплени вкупно пет тони експлозив, делови од ракети и автоматско оружје, наменети за палестинската територија.

Се претпоставува дека тие пристигнуваат од Либија и се внесуваат во Појасот Газа од криминални групи, кои дејствуваат на полуостровот Синај.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица