(ВИДЕО) Заев: Промена на кадри ќе има таму каде што нема прогрес

Од:

Реконструкцијата очекувам да се случи за зголемување на парламентарното мнозинство и да се промени она што немало прогрес. Ако немало прогрес, нормално е да има промена на кадри. Сето тоа е анализа на органите. Штом ќе имам ставови ќе ги соопштам, изјави премиерот Зоран Заев, по излегување од кривичниот суд, каде што се одржа рочиште за „Поткуп“.

Тој рече дека не е вистина дека СДСМ ќе го добие Министерството за правда во замена за Министерството за образование. „За нас водилка е само профисионалниот аспект на личноста. Сите места кои се празни ќе се пополнат со реконструкцијата. До крајот на април ќе бидеме комплетни, а очекувам поддршка од Собранието“, рече Заев.

Според мое убедување, додаде тој, подобро ќе беше опозицијата да се вратеше во Собранието велејќи дека тоа е поради реформите, а не вака. „Опозицијата во парламентот значи многу за граѓаните, а јас велам и за Власта“, рече Заев.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска