Музејот Палас де Токио го прогласи 5 мај за ден на нудистите. Во организација на Париската нудистичка асоцијација, влезот нема да се наплатува, но под услов – да станете нивни член. Откако ќе се зачлените, треба само да се соблечете и да ја почнете својата бесплатна тура.
Пред да тргнете да разгледувате, мора целата своја облека да ја оставите во гардеробата.
Турата почнува во 9:30 и треба да заврши во 12 часот. Уметничките дела, секако, ќе ги претставуваат стручни водичи.
Минатата година парижани можеа да уживаат во „нудистички ресторан”, како и во јавен парк за нудисти. А, Париската нудистичка организација планира и други вакви настани.
На 24 јуни ќе се случи и Ден на париските нудисти.