Во средните училишта во Куманово во прва година може да се запишат 2.500 ученици

Од:

Во петте средни училишта во Куманово, во прва година според конкусрот на Министерството за образование и наука право на упис имаат над 2500 ученици.

Според МОН, во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, право на упис за прва година имаат 374 ученици во 11 паралелки во десет со настава на македонски и во една со настава на сприски јазик. Во гимназијата „Сами Фрашери“ ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки со настава на албански јазик . За двете гимназии потребни се минимум 60 поени.

Во средното стручно училишта „Киро Бурназ“ во прва година е планирано да се запишат 510 ученици во 15 паралелки од кои 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски и 136 ученици во четири паралелки со настава на албански јазик. Учениците можат да одберат земјоделско ветеринрана струка со повеќе насоки, хемиско технолошка, лични услуги и машинска струка. За упис им се потреби од 30 до 45 поени во зависност од струката.

Во средно општинско училиште „Перо Наков“ ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка, 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик. Ова училиште нуди економско-правна и трговска струка и текстилно кожарска со повеќе насоки, за што се потреби 60 односно 45 поени.

Шестотини осумдесет и четири ученици се предвидени да се запишат во стручното „Наце Буѓони од кои 330 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 354 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик во машинска струка, електротехничка и здравствена со 30, 45, 60 и 70 поени.

Во липковската гимназија „Имсет Јашари“, право на упис имаат 136 ученици во четири паралелки со настава на албански јазик за што се потребни 60 поени.

Во јуни има два уписни рока на 28 и 29 јуни и на 5 јули. Во август уписот ќе се врши на 24 август.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување