(ВИДЕО) Заев: Груевски, Македонија расчисти со тебе

Од:

Премиерот Зоран Заев, по целодневната дискусија на седницата за интерпелација на Владата, од собраниската говорница ја повтори програмата на владејачката гарнитура, а се осврна на тоа што сегашните функционери затекнале кога влегле да раководат со институциите. Според Заев, неточни и неосновани се укажувањата од опозицијата.

„Груевски, Македонија расчисти со тебе. Затекнавме општа катастрофална состојба, ограбена држава. Наследивме тотален колапс, блокирани институции. Се соочуваме со коруптивни договори, кои не можат да бидат прекинати поради тоа што ќе нанесат штета врз буџетот. За да се создадат услови за темелна промена, неопходна е вклученост на сите политички фактори. Системот мора да се регенрира во самите институции. Тоа мора да сами да го направиме. Низ тешките премрежија се создаде парламентарно мнозинство кое вети дека донесе реформи. Без исклучок, чекориме кон тоа да ги оствариме стратешките интереси на граѓаните и државата, тоа е ЕУ и НАТО. Оваа можност беше прифатена од опозицијата“, рече Заев.

Тој додаде дека не му било лесно ниту на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

„Оваа постапка за изгласување на доверба на владата ја прифаќам како едно резиме. Да ги видам вашите аргументи, нешто да научам. Да бидам искрен, очекував повеќе. Велите планот 3-6-9 е во колапс, но немате аргумент. Со гласање на реформските закони, ќе имаме 100 проценти исполнување на договорот. Нема подобар доказ за исполнување на планот од тоа што го кажуваат ЕУ и НАТО, односно дека Македонија може да очекува одлука за отпочнување на преговори. Постапка за носење на реформските закони требаше да започне од денес, ама опозицијата се реши за интерпелација“, тврди Заев.

Премиерот рече дека во идниот период ќе се намалува бројката на невработени и повеќе странски инвестиции.

„Оваа година ќе биде најважната година за судските реформи. Јас сум среќен што градиме политички концензус за ваква реформа. Укинато е и владиното рекламирање, по 7-8 милиони евра се трошеле во изминатите години. Транспарентни сме, секоја недела имаме прес-конференции и објавуваме се што е во интерес на граѓаните. Порано граѓаните бараа, власта криеше. Сега не е така. Наша цел е владеењето на правото, интензивирање на економскиот развој“, додава Заев.

Заев ги кажуваше и сумите кои ги трошеле тој и функционерите на власт, споредбено со ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека разликата во сумата ќе заврши продуктивни цели. Според премиерот Заев, се отвораат нови работни места и се креираат мерки за компаниите да отвораат нови работни места.

„По ова цунами, ја потрошивме зимата на планови и проекти. Пролетта ќе биде за остварување. Со контрибуцијата на опозицијата во парламентот, ќе биде поголема мотивацијата. Работиме за унапредување на патната инфраструктура. Кинеските провизии некој ги здипли во својот џеб, а домашните компании работат за 57проценти помала сума од кинеските компании“, вели Заев.
Според него, парите се враќаат кај граѓаните со сите направени ревизии, мерки, субвенции добиените грантови.

„Можам да набројувам до утре сабајле, сите мерки кои ќе дадат напредок на државата. Кратиме од непродуктивните трошоци за да ја зголемиме социјалната помош, која во јануари идната година ќе ја подигнеме на 11.500 денари“, рече Заев

Тој ги повика сите граѓани да го поддржат концептот на работа на СДСМ, а пак, во последните секунди од собраниската говорница, Заев го повика претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за јазици.​

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска