Г.г. Стефан приреди прием за поглаварите на верските заедници

Од:

Во Архиепископската резиденција попладнево се одржува прием што по повод Велигденските празници го организира поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан за поглаварите и претставниците на петте верски заедници застапени во Уставот на Република Македонија.

На приемот присуствуваат Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претседателката на Еврејската заедница Берта Романо-Николиќ, Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква во Македонија, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, епископот Хераклејски Климент и деканот на Православниот Богословски факултет Ѓоко Ѓорѓевски.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје