Две децении од смртта на Одри Хепберн

Од:

Денеска на 20-ти јануари се навршуваат 20 години од смртта на Одри Хепберн. Одри во текот на исклучителната актерска кариера успеа да ги освои најважните актерски награди – Оскар, Греми, Еми и Тони, со кои можат да се пофалат само уште осум актери.

Американскиот филмски институт во 1999-та година ја прогласи Одри Хепберн за трета најголема ѕвезда на сите времиња, по Кетрин Хепберн и Бет Дејвис. Оскар доби за улогата фо филмот „Празник во Рим“, снимен 1953-тата година.

Освен популарноста, многумина сметаат дека Одри Хепберн е најубавата жена на 20-от век, а модните експерти ја истакнуваат како искона на стилот.

За Оскар беше номинирана уште неколку пати, меѓу останатите и за улогата во филмот „Доручек кај Тифани“ од 1961. година, по која е и најмногу запаметена.National Film Registry

Родена е на 4-ти мај 1929-та година во Брисел. Вистинското име на актерката било Одри Кетлин Растон. Се школувала во приватни училишта во Англија и Холандија. За време на окупацијата на Холандија помагала на тамошното движење на отпорот.

Луѓето кои ја познавале ја опишуваат како скромна и несебична. На два пати беше и детски амбасадор на ОН.odri-hepbern1

Официјално беше два пати во брак, но таблоидите и препишуваа многу вонбрачни врски, а меѓу нив и наводно со американскиот претседател Џон Кенеди.

Пред крајот на 1992-та година сними спот со кој беше промовирано неопходното примирје во Сараево. Се смета дека тоа е нејзнино последно појавување во јавноста.

Почина на 20-ти јануари 1993-та година во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“