Во општина Бутел денеска беше отворена културната манифестација „Цветници 2018“.
Станува збор за изложба на 30–тина народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска.
На етно изложбата се презентирани и ракотворбите (везеници и ткаеници) на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.
Свеченото отворање на етно изложбата беше збогатено со настапот на членовите на КУД „Плетеница“ под раководство на Жаклина Богдановска и со повеќе изворни народни песни во изведба на хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на општина Бутел.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2018 година.