Нацев: Одговорност за масакрот во Јасен мора да има

Од:

„СДСМ не знае да стопанисува со природните ресурси и подрачјата од државен интерес. Масакрот на 57 диви свињи на подрачјето на резерватот „Јасен“ во време на ловостој и размножување е пример за аздисаноста на оваа власт.

Недозволив е масакрот на 57 диви свињи во сезона на размножување.

Управата на ЈП „Јасен“ и Зечевиќ не смеат да бегаат од одговорност.

Управата на ЈП „Јасен“ и директорот Новица Зечевиќ, мора да понесат одговорност за овој масакр.

Недозволиво и непромислено е однесувањето на управата на ЈП „Јасен“ со природните ресурси и животинскиот потенцијал на ловиштето.

Недозволиво е масакрот да се прикрива под превезот на санитарен лов. Скандалозна е изјавата на Зечевиќ дадена во медиумите дека се работи за санитарен лов, а од оваа слика јасно се гледа дека дивечот го ловеле комерцијални ловџии. Не може да биде санитарен лов масакр на 57 диви свињи, меѓу кои и 20-тина трофејни свињи“, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Санитарен лов не се врши од страна на комерцијални ловџии, туку од страна на самото претпријатие на строго претходно утврден број на единки.

Не може овој лов да се претставува како санитарен лов и со тоа покрај самиот масакр кој е недозволив да се нанесува директно материјална штета на државата, односно ЈП „Јасен“ да се оштетува за десетици илјади евра со неплаќање за отстрелот.

Управата на ЈП „Јасен“ и Зечевиќ мора да дадат одговори. Граѓаните имаат право да знаат.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува ОЈО да преземе мерки по допрен глас и да ја утврди фактичката состојба, законските прекршувања и сторените кривични дела по Законот за ловство, евентуално сторените дела од областа на финансискиот криминал и други злоупотреби направени од оваа неодговорна власт“, изјави Нацев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус