Измените на законот за оружје поминаа во прво читање во Комисијата за одбрана и безбедност

Од:

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето, кој е означен со европско знаме помина денеска во прво читање во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Со законот, како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се уредуваат условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, превоз и пренесување преку државната граница на оружје и муниција.

Одредбите на овој закон не се применуваат на вооружувањето и воената опрема, како и на оружјето и муницијата наменети за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, казнено-поправните установи и другите државни органи и правни лица утврдени со посебни прописи.

Спасовски појасни дека измените се изработени по консултации со Комората за приватно обезбедување, Стопанската комора на Македонија – Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, Ловечка федерација на Македонија и Македонска спортска стрелачка федерација.

Целта на измените е подобрување на правната рамка за постапување со граѓанското оружје.

Определени точки на изменување на Законот се однесуваат на преквалификација на определени видови оружје, ограничување на правото на набавување на кусо и долго огнено оружје со жлебени цевки за лица помлади од 25 години под определени услови, продолжување на рокот за заменување на дозволите за поседување и носење на оружје и дозволите за поседување на оружје.

– Имавме состојба во која требаше да бидат обновени дозволите за оружје. Рокот неколку пати беше продолжуван и иако навремено беа информирани и се водеше голема кампања за тоа, сметам дека голем дел од граѓаните не извршија замена на дозволите за поседување оружје, рече Спасовски.

Додаде дека со законскиот текст се продолжува рокот и упати апел до граѓаните да постапат одговорно во однос на продолжување на дозволите.

Измените се однесуваат и на повторно воведување на легализација на оружјето од Б, Ц и Д категорија, кое се поседува без соодветна важечка исправа издадена согласно одредбите на стариот Закон за набавување, поседување и носење на оружје и Законот за оружјето.

Со измените се врши и усогласување со европското законодавство.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Зеленски: Постои оружје што може да го промени текот на војната

Горан Наумовски

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев