Нови семафори на еден од најфреквентните булевари во Куманово

Од:

Во тек е поставувањето на семафорите на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“ во Куманово за што општината одвои помалку од четири милиони денари.

Семафорите ги поставува фирмата „Електро Софт Инженеринг“ од Скопје, а планирано е да има осум вертикални семафори и четири полупортални семафорски столбови.

Ова е петта крстосница на која се поставуваат семафори на овој фреквентен булевар со кои се очекува да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот. На крстосницата изминатите години се случија поголем број сообраќајни несреќи во кои имаше и тешко повредени лица.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра