Втора транснационална средба „Млади научници“ во Дебар

Од:

Во детската градинка „Брешија“ во Дебар од денеска и во наредните неколку дена се одржува втората траснационална средба во која учесници се деца од предучилишна возраст. Активноста е во рамки на проектот ,„Млади научници“ на Програмата „Еразмус +“.

Директорката на градинката Ајрије Дачи рече дека дебарската градинка, како претставник на Македонија е носител на проектот, додека како партнери се градинки од Данска, Италија, Турција и Литванија.

Според неа, дебарската градинка реализира бројни активности во повеќе сфери во кои се вклучени децата – млади научници.

– Ова е втора фаза од проектот, а учествуваат и претставници на градинките од земјите партнери во проектот. Очекуваме да се презентираат досегашни активности во секоја земја-ученик во проектот и тоа по математика, технологија, англиски јазик и други области, рече Дачи.

Во презентирањето на градинката, но и општината и Македонија во целина, кординаторката Марија Василевска пред прсутните рече дека нашата држава и општината располагаат со многу природни богатства и убавини, како и многу културно-историски споменици од непроценлива вредност.

На отворањето децата млади-научници од дебарската градинка се преставија со посебна програма.

Во текот на следните денови, покрај другото ќе бидат посетени повеќе културно-историски споменци во Дебар, Струга и Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар