Хамилтон изненаден од брзината на Ферари

Од:

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја посочи силната страна во претставувањето на Ферари при вчерашниот двоен триумф на „црните коњчиња“ во квалификациите за Гран При на Бахреин. Британскиот ас на Мерцедес заклучи дека болидите на италијанскиот тим имаат предност што се однесува до чистата брзина во правите делници.

Себастијан Фетел ќе стартува прв на денешното натпреварување, а до него во првиот ред ќе биде неговиот клубски колега – Кими Раиконен. Другиот пилот на Мерцедес – Валтери Ботас ги дополни топ 3, а Хамилтон, макар и да даде четврти резултат, ќе тргне од 9-та позиција по казната за промена на менувачот.

Триесет и три-годишниот Британец се надеваше дека ќе му се одмазди на Фетел, кој победи во првата трка во сезоната за ГП на Австралија, кога светскиот шампион тргна од пол-позицијата. Со оглед на моменталната ситуација, на Хамилтон ќе му биде тешко да се избори за победата во Бахреин, но тој направи уште позагрижувачки забелешки.

– Она што се случи во саботата им докажува на сите, кои зборуваа за нашиот „забавен режим“, дека грешеле. Ферари заврши одлична работа овој викенд, имаат брзина, и во целина, за мене беше доста тешко во Бахреин, прокоментира Хамилтон.

Тој се надева дека можам да ги промени работите во денешната трка.

– Асфалтот на патеката е пожежок и честопати разликите беа многу мали, откако Ферари можеби го надградил болидот. Нивниот режим е исто толку добар колку и нашиот. Како што се виде, овој викенд тие се исто толку брзи, ако не и побрзи. Кога возиш на патека, каде што е жешко, многу е тешко да се задржат ниски температури во гумите. Ферари токму на тој план отсекогаш биле добри во тоа, ги објасни Хамилтон причините поради кои не успеа да се избори со тимот од Маранело на патеката „Сахир“.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур