Хитлеровиот портрет на љубовницата на аукција

Од:

Портрет на една млада жена кој го наслика Адолф Хитлер ќе оди на аукција следната недела со почетна цена од 60.000 евра, објави германската аукциска куќа Видлер.

Масло на платно 63 х 48 см. со потпис на Хитлер ја опишува Шарлот Лобој, француска жена со која поранешниот нацистички лидер се запознал во Франција за време на Првата светска војна. Се претпоставува дека биле во љубовна врска.

Сликата била купена од неидентификувани фламански индустријалци во 1967 година. На сликата е млада девојка со црвена марама на главата која и го засенува ликот и кошула со нежни бои со длабоко деколте која делумно ги открива градите.

Хитлер живеел од сликарството во раните 1920-ти, пред да стане нацистички лидер.

Германската аукциска куќа Видлер пред три години ја продала за 100.000 евра сликата на Баварската Нојшванштајнв на Хитлер насликана со водени бои.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска