Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.
– Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници да ви го честитам големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана.
Чествувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, како што се наведува, е дел од нашето духовно и национално богатство.
– Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските, стои во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана.