Советот на млади и учениците од медицинско го одбележаа Светскиот ден на здравjeто

Од:

Советот на млади на општина Гостивар, по повод 7 април – Светски ден на здравјето, на градскиот плоштад, организираше денес бесплатни здравствени прегледи и консултации.

Носител на активноста беше Одделението за здравство при Советот на млади, а активноста беше спроведена во соработка со учениците од Средното медицинско училиште и со поддршка на Општина Гостивар.

„По повод Денот на здравјето, ја организираме оваа активност, каде што нудиме мерење на крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта, како и да и бесплатни совети за случајните минувачи. Ова го правиме со цел да се подигне свеста на населението за редовни прегледи и да се реагира превентивно при нарушување на здравјето”, објасни Миран Исмаили, раководител на Одделението за здравство при Советот на млади на општина Гостивар.

Со цел промовирање на здрава исхрана и здрав начин на живеење, организаторите со пушачите разменуваа цигара за јаболко.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар