Силва двоен стрелец во победата на Манчестер Сити

Од:

Со двата постигнати голови (2. и 69.минута) шпанскиот интернационалец Давид Силва му ја донесе победата на англискиот премиерлигаш и бранител на шампионската титула Манчестер Сити во денешниот дуел со Фулам.

Сигурни на свој терен беа и Ливерпул и Свонси, додека гостински победи забележаа Рединг и Сандерленд.

Постигнати резултати на денешните шест натпревари од 23.коло во Премиер лигата: Ливерпул – Норвич 5:0, Манчестер Сити – Фулам 2:0, Њукасл – Рединг 1:2, Свонси – Стоук 3:1, Вест Хем – Квинс Парк Ренџерс 1:1 и Виган – Сандерленд 2:3.

Вечерва играат Вест Бромвич Албион – Астон Вила.

Натпреварите Челзи – Арсенал и Тотенхем – Манчестер Јунајтед се играат утре.

Оваа рунда ќе биде комплетирана в понеделник со дуелот Саутемптон – Евертон.

Табела: Манчестер Јунајтед 55 бодови, Манчестер Сити 51, Челзи 42, Тотенхем 40, Евертон 37, Арсенал 34, Ливерпул 34,… з

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска