Привремено згрижени две семејства со социјален ризик од Крива Паланка

Од:

Две семејства од социјално ранливи категории од Крива Паланка кои живееја во дел од опожарени бараки на влезот на општината, беа времено дислоцирани и згрижени до изнаоѓање трајно решение, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Семејствата се со ранливи лица, едното е седумчлено семејство, со пет деца, од кои едно е со пречки во развојот, додека другото лице е само, со хронична болест и е примател на еднократен паричен надоместок. Сите осум лица се времено згрижени и овозможени им се основни услови за живеење, до изнаоѓање соодветно трајно решение. Една до опциите е обезебдување место во зградата со социјални станови во градот, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој ја посети локацијата од која опожарените бараки беа отстранети, расчистен е теренот од страна на екипи на Јавно претпријатие „Комуналец“ и се планира доуредување на локалитетот кој се наоѓа на самиот влез во општината, кај клучката со магистралнито пат А2, Куманово-Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.

– Работиме на изнаоѓање модус да се уреди овој локалитет, да се постави урбана опрема, но и во преговори со странски донатори сме за обезбедување донацијана нови, посовремени бараки во кои ќе може да домуваат ранливи категории лица, додава Мицевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот