Печено маринирано јагнешко месо

Од:

Збогатете ја велигденската трпеза со ова превкусно печено јагнешко месо. Едноставно се топи во уста …

Потребно е:
750 гр јагнешко месо

за маринада:
100 мл црвено вино
1 лажица сол
1 лажица бибер
100 мл маслиново масло
4 чешниња лук
5 лажици балсамиран оцет
3 гранчиња свеж рузмарин или прстофат сув рузмарин
2 чили пиперчиња
1/2 лажиче чили во прав

Подготовка:
– Прво, добро е да знаете дека месото треба да биде без коска, ако сакате да се испече и зготви во нормално време. Месото со коска се пече и готви побавно, а со тоа станува и суво. Месото убаво измијте го и ставете во го големо тавче, спремно за маринирање.

– Лукот, чили пиперчињата, рузмаринот и останатите состојки потребни за мариндата ставете ги во блендер и измиксајте ги за да добиете еднолична смеса.

– Со маринадата намачкајте го целото месо, трпеливо и внимателно, за да навлезе маринадата во секој дел од месото. Вака, оставете го месото да одлежи во маринадата 24 часа или 12 часа, ако немате толку време.

– Ставете го месото во тавче за печење, на кое претходно ќе ставите решетка (ова е задолжително, затоа што јагнешното месо во текот на печењето испушта голема количина на маснотија).

– Ставете да се пече во рерна загреана на 220 целзиусови степени, додека да биде испечено внатре, околу 1 час. Ако видите дека месото се суши, намалете ја температурата и премачкајте го со маринадата од тавата.

– Кога месото ќе биде печено, оставете го да отстои 5-10 минути, исечете го на парчиња и сервирајте го со сос по желба.

Трик: Како се проверува месото дали е фино печено внатре: Со чепкалка за заби боцнете го во најдебелиот дел – ако протече чиста течност, месото е печено, ако протече црвеникава течност, не е доволно испечено и треба да се допече.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска