Системот на наводување на дебарското поле ќе почне да се гради во септември оваа година. Ова беше соопштено по средбата на дебарскиот градоначалник Ружди Љата, државниот секретар во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Нефрус Челку и директорот на Управата за водостопанство,Славе Арсовски.
– Ќе се наводуваат две илјади хектари плодно земјоделско земјиште, што ќе значи придобвка од повеќе аспекти, поголемо домашно прозводство, ангажраност на дебарчани а со самото тоа и намалување на миграцијата, посочи Љата, додавајќи дека кога се вложува многу напор и се има добра комункација и соработка се е можно.
Според државнот секретар во МЗШВ изградбата ќе се одвива во две фази. – Во првата фаза ќе биде изградена пумпната станица, а потоа каналите кои вода ќе носат низ дебарското поле. За овој голем и пред се многу значаен проект да стане реалност ќе бидат инвестрани 12 милони евра. Всушност станува збор за изградба на нов систем за наводнување, но доколку тоа е изводливо можеби ќе се користи дел од некогашнот систем, што секако бара санација, нагаси Челку.
– Владата на Републка Македонја, преку МЗШВ, води посебна грижа за развој на земјоделството и сточарството, две гранки за чиј развој во Дебар има одлични услови. Тоа значи дека за овој поширок регион ќе има други проекти чиј ностел е Министертвото. На ниво на држава само со проектот за рурален развој предвидени се 40 милиони евра, рече директорот на Управата за водостопанство.
Поради неработењето на системот за наводнување, кого го уништија крадци, дебарското поле остана суво повеќе од десет години, што значеше големи загуби за дебарските земјоделци.