Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите

Од:

Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите во судот, поради интервју на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека има разговори меѓу судии кои, како што рече адвокатот Еленко Миланов, постапуваат по предмети на СЈО.

Станува збор за тројца поротници и двајцата судии Осман Шабани и Огнен Ставрев. Тие бараат да биде изземен и претседателот на судот, Џолев Иван, Пајазит Пајазити и судиите на Апелациониот суд, Лидија Димчевска и Сафет Кадрии.

Ова е втор случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“, каде беше побарано истото, но судот не го дозволи тоа. Адвокатот на судот му достави цеде од емисијата и транскрипт.

На рочиштето за ТНТ треба да се слушаат 26 аудио разговори од т.н. „бомби“ во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска