Денеска „ Сојузот за иднината“ го достави до неготинчани првото издание на весникот „Слободна Македонија“, весник кој, велат, ќе известува објективно, реално, ќе ја покажува онаа другата страна – вистинската. Онаа страна, велат, која мегафоните на власта , потплатени и купени со народни пари не ја прикажуваат.
„Сите вести кои власта не сака да ги знаете, можете да ги дознаете во слободниот весник на отпорот СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.’’ –рече Силвана Филипова
“ Само добро информиран народ може да донесе правилни одлуки. Наша цел е граѓаните на Неготино да ја имаат вистинската слика за случувањата во Македонија. Па ако е потребно и на ваков начин ќе се бориме вистината да стигне до неготинчани. Моите сожители го заслужуваат тоа “ додава Силвана Филипова, кандидатот за градоначалник на Неготино, од редовите на Сојузот за иднината.
Од тимот на Филипова изјавија дека со вакви методи и слични настани ќе продолжат и во иднина. Ќе сторат се за неготинчани да можат да ја слушнат вистината .