МЗТ: Зарем кошарката во Македонија е приватна забава само за привилегирани семејства

Од:

Раководството на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром денеска се огласи по одлуката на Блокотехна да не им одобри 25 билети за вечерашното гостување во Гевгелија.

– Тешко дека постојат зборови со кои адекватно би ја опишале нашата разочараност од одлука на раководството на Блокотехна да и забрани на нашата управа да присуствува на овој натпревар. На нашето барање за 25 билети за раководството на клубот, нешто што е предвидено со член 31.1 од Пропозициите за натпреварување, но што е и децениска традиција во македонската кошарка, добивме негативен одговор со штуро објаснување. Челниците на Блокотехна не сакаат да нѐ нагостат од – безбедносни причини. И за тоа, според актите, може да бидат казнети со „дури“ 2.000 денари, стои во реакцијата на МЗТ.

Од таборот на „аеродромци“ ова го сметаат за срамен однос кон нивниот клуб.

– Искрено, не паметиме ваков срамен однос кон нашиот клуб, дури и од времињата во кои сме имале пожешки ривалски односи со екипи со далеку поголема традиција од Блокотехна. Свесни сме дека овој тим е дебитант во елитата и дека сѐ уште има многу да учи како треба да се однесува кога е во друштво со големите клубови, но ниту во сон не очекувавме ваков низок удар од тим кој до вчера играше во Втората лига. Па, зарем во Македонија кошарката е приватна забава само за привилегирани семејства?, се запрашуваат во МЗТ Скопје.

Актуелниот првак бара МКФ да поведе сметка за ваквите ситуации и да воведе поригорозна казна, и како што велат да ги едуцира клубовите, за во иднина да не се повторат вакви нешта.

Натпреварот Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром се игра вечер од 18 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он