Во Куманово се одржа 11. „Пивтијада“

Од:

Мултимедијалниот центар „Карпино“ по повод празникот Водици ја организираше 11-та манифестација  „Пивтијада“. Во населбата  „Карпош“ вчера  во казани се вареа пивтии кои  денеска беа послужени пред околу 300 кумановци.

– Манифестацијата ја организираме за да ја зачуваме традицијата, за да не се заборават обичаите поврзани со Водици. Годинава за подготовка на пивтиите е употребено околу 70 килограми месо, изјави претседателот на центарот Зоран Павловски.

Денеска беа подготвени  околу 350 чинии пивтии. Во натпреварот за најдобра пивтија учествуваа десетина натпреварувачи, а за најдобра беше прогласена пивтијата „Манастир Карпино“ што ја подготви Лила Божиновска. – Секоја година учествувам, а оваа првпат го освојувам првото место, изјави Божиновска.

Годинава беше избран и кум на прославата, Тони Трајковски, кој истакна дека манифестацијата е убава можност за славење на македонските обичаи.

„Карпино“ ќе подели дел од пивтиите на граѓански здруженија и на АРМ.

Би можело да ве интересира

Девојче е првото бебе во Куманово

Адвокатите на починатата родилка од Куманово откриле недоследности во државните извештаи

Горан Наумовски

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

35-годишен маж ги подметнал пожарите во Куманово

ВЛЕН: Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово палеле автомобили од семејството на Џелал Бајарми

Меџити: Да оставиме судот и обвинителството да го расчистат случајот во Куманово