Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, денеска од пред руската амбасада во земјава, обраќајки му се на амбасадорот Олег Шчербаг порача дека македонскиот народ сака да биде дел од Евроазиската унија.
„Сакам да Ве уверам во јасната одлука на македонскиот народ дека тој сака да биде дел од евроазиската унија. Во ЕУ сакаат само одредени и корумпирани Македонци кои се платени со странски пари. Ние веруваме во Сојузот со Русија, а веруваме во Вас. Очекуваме овој сојуз да се оствари. Македонскиот народ не сака во ЕУ, таму сака само оваа марионетска власт“, порача Бачев.
„Копиле муртинско“, „Заев да се протера“, како и низа навредливи зборови беа извикувани на протестот, по што, амбасадорот Шчербак рече „Благодарам на поддршката“.
Партијата на Бачев, денеска одржа собир од пред Руската амбасада, во знак на поддршка против протерувањето на рускиот дипломат од земјава.
К. Ландов