Димче Ашталкоски го фати крстот во Црн Дрим во Струга

Од:

Дваесет и шестгодишниот Димче Ашталкоски од Струга прв упеа да доплива до чесниот крст што владиката дебарско-кичевски Тимотеј денеска на православниот празник Богојавление – Водици го фрли во осветените води на реката Црн Дрим.

– Првпат скокам по светиот крст, и ете, успеав да го извадам од водите на Дрим. Прекрасно е чувството и посакувам секој кој скока по крстот да успее да го фати. Исполнет сум со среќа, а подарокот е здравјето и радоста. Најголемата причина што скокнав по светиот крст беше сонот што го сонував пред две седмици, каде на ден Водици скокам во водите на Дрим по светиот крст, рече Ашталкоски.

Во студените води на реката денеска влегоа околу 200 капачи. Дел од нив првпат скокаа од чаршискиот мост, а за еден дел овој ритуал претставува традиција со години наназад.

Во организација на двајцата кумови на годинешната манифестација Богојавление-Водици во Струга, Перо Петкоски и Ѓоко Илоски  и црквата „Свети Ѓорѓија“ веднаш по осветувањето на водите се славеше крштевањето на Исус Христос кај Параклисот на „Света Богородица“, а потоа  беше организиран и традиционалниот ручек во хотелот „Београд“.

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ