(ВИДЕО) Груевски: Во тренд е се за се’ да ме обвинуваат

Од:

Денеска по завршувањето на рочиштето за случајот „Титаник“ експремиерот, Никола Груевски, даде изјава во која рече дека во тренд е тој да биде обвинуван.

„Се чувствува притисокот на судите. Имам 3 часа да прочитам десетици илјади страници. На тоа судијата немаше одговор. Судијата е под притисок. Денеска прва вест е ‘Титаник’ а втора вест е името. Секој ден сме на рочишта без да ни се даде право на одбрана. Во тренд е за сè да бидам јас обвинет. Дневно измислуваат по 2-3 работи за да не се говори за друго“, истакна Груевски.

Инаку, адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа да биде одложено денешното судење, како и рочиштата за цел април. Причината, како што наведоа, е за да направат увид во списите на предметот. Според нив, станува збор за огромен доказен материјал. Судот им го прифати барањето до 12 април да може да прават увид во списите на предметот. Закажани се пет нови рочишта во мај.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош