Во натпревар од 18.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, вечерва од 19 часот во „СЦ Борис Трајковски “ македонскиот претставник во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром го пречекува хрватскиот тим Сплит.
МЗТ во досегашните 17 натпревари има девет победи и осум порази и со евентуална победа вечерва ќе се искачи уште некое место погоре на табелата, додека Сплит има негативен биланс од седум победи и 10 порази.
Освен овој дуел денеска се играат уште пет други од оваа рунда. Двојките се: Задар – Цибона, Шолнок – Раднички, Игокеа – Црвена Звезда, Цедевита – Олимпија и Партизан – Будуќност.
Колото ќе биде заокружено утре со средбата Крка – Широки.
Табела: Игокеа 14-3 (победи-порази), Црвена Звезда 12-5, Партизан 11-6, Будуќност 10-7, Раднички 9-8, Унион Олимпија 9-8, Цедевита 9-8, МЗТ Скопје Аеродром 9-8, Крка 7-10, Сплит 7-10, Цибона 6-11, Широки 6-11, Задар 6-11, и Шолнок 4-13.