Каевски учествуваше во доделувањето на наградите за творбите од конкурсот за млади поети

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и покрај демантот на агенцијата, очигледно ги знаеше песните објавени во збирката „Млади поети“ и учествуваше во доделувањето на наградените творби.

Токму Дарко Каевски ги поздрави младите поети и изјави дека е пријатно изненаден од бројот на пристигнати творби, по што ги подели наградите за најдобрите творби избрани од жирито, во декември минатата година.

-Големо задоволство е да се биде со толку инспиративни млади луѓе, кои творат поезија. И оваа година пристигнаа голем број творби, кој се надевам дека секоја година ќе има тенденција на зголемување. Стручната комисија во состав Јовица Ивановски, Николина Андова-Шопова и Тихомир Јанчовски имаше тешка задача да ги одбере најдобрите, истакна Каевски во декември при доделувањето на наградите за најдобрите творби.

Јавноста бурно реагираше на содржината на дел од песните објавени во оваа збирка, кои се со недолична, дискриминаторска и шовинистичка содржина. Уредник на изданието е директорот Дарко Каевски, а од АМС преку соопштение на социјалните мрежи се оградија од содржината и кажаа дека немале увид, бидејќи изборот бил направен од надворешна комисија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Каевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите

А1он

(ВИДЕО) Каевски: Со СДСМ над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

Горан Наумовски