Сопствениците на пиварницата во британскиот град Виндзор, каде во мај ќе се одржи венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, веруваат дека успеале да направат совршено „кралско пиво“.
Тие произвеле светло пиво, кое го нарекоа „Хери енд Меган Виндзор нот“ (Harry&Meghan’s Windsor Knot). Пивото претставува спој од американски и британски видови на хмељ, од кои некои се одгледуваат на кралските фарми во близина на дворецот во Виндзор.
За пивото изработено е и специјално шише, на кое ги има знамињата на Велика Британија и на САД.
Пиварницата „Виндзор и Итон“ ограничено количество пиво веќе пушти во продажба.