Чавков беше во истиот стан каде што претходно го апсеа, тврди неговото семејство

Од:

Откако ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, бил пуштен во куќен притвор, на 27 март, истата вечер полицајци од Полициската станица Центар направиле две контроли, во 18 часот и 20:30 минути, и не го нашле на адресата на која гласело решението за куќен притвор.

„На полицајците никој не им отворил врата“ рече претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, на брифинг со новинарите.

Џолев рече дека Чавков самоволно одлучил куќниот притвор да го издржува на друга адреса. Тоа го имале предвид судиите од кривичниот совет кога ја донеле одлуката домашен притвор да му биде заменет со притвор. Реагираше семејството на Чавков.

Тврдат дека Митко Чавков бил уапсен на истата адреса на која што беше уапсен со специјалци и првиот пат. Tврдат дека станот што е наведен во личната карта е во сопственост на МВР и е извршено примопредавање веднаш откако бил напуштен.

„Митко Чавков пред три дена беше уапсен на истата локација, односно во истиот дом во кој што беше префрлен за да ја издржува мерката куќен притвор. Дали некој сака да креира дополнителни сценарија и зошто му се тие потребни е веќе друго прашање. Дали некој намерно испраќал полиција на други адреси само за да го покрие изживувањето е прашање кое натаму ќе се расчистува. Во личната карта на Митко чавков стои друга адреса заради тоа што 120 дена беше во притвор и не беше во можност да ја замени. Станот кој што е наведен во личната карта е во сопственост на МВР и извршено е примопредавање веднаш откако беше напуштен, со добивање на решението за исселување по завршениот ангажман во министерството. МВР и судот ова го знаат. Исселувањето беше објавено и во медиуми. Во полиција е пријавена и новата адреса и од страна на Митко Чавков и од страна на адвокатот. Кому му требаат ваквите политички циркузи, на штета на граѓаните кои покажуваат дека институциите се само слепи извршители на наредби?“, пишува во реакцијата на семејството Чавкови испратена до редакцијата на НетПрес.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески